Камерон: Британија е подготвена за соработка со Русија во борбата против ИД

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека земјите треба да ги обединат напорите за борба против терористичката организација „Исламска држава“, меѓутоа истакна дека позицијата на Британија за оставка на Асад не е променета.

Британскиот премиер Дејвид Камерон е подготвен за соработка со Русија за борба против „Исламска држава“, изјави во неделата портпаролот на шефот на владата на Велика Британија, а пренесува РИА „Новости“.  

„Убедени сме дека ИД претставува сериозна закана и за Русија, и за Европа, и за сите земји во светот. Затоа треба да најдеме начини да работиме на тоа заедно... Премиерот ја разгледува можноста за напади врз ИД и смета дека овде треба да се преземат дејствија“, изјави портпаролот.

Истовремено, позицијата на Британија во однос на сирискиот претседател Башар Асад останува непроменета: британската влада смета дека тој треба да си поднесе оставка.

„ИД и Асад подеднакво се непријатели на сирискиот народ. Сметаме дека е неопходно да се реши прашањето за заканата од ИД, но исто така треба да најдеме политичко решение кое би довело до предавање на власта од страна на Асад на друг лидер... Премиерот не смета дека со задржувањето на власта во рацете на Асад мирното решение ќе биде долгорочно“, изјави портпаролот на британскиот премиер.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.