Министерот за надворешни работи на Русија во текот на Генералното собрание на ООН ќе има низа мултилатерални и билатерални средби.
„На маргините“ на Генералното собрание на ООН се планирани средби со Џон Кери, со генералниот секретар на НАТО, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност, со претседателот на Кипар, претседателот на Советот на министри на Либан, со шефовите на МНР на Германија, Кина, Иран, Сирија, Бразил, Грција, Мексико, Словенија, Куба, Финска, Кипар, Алжир, Швајцарија, генералните секретари на Лигата на арапските држави и Организацијата за Исламска соработка и др.“, изјавија за ТАСС од руската делегација. Ќе се одржат и министерски средби во формат на БРИКС, ШОС, ОДКБ.
Шефот на руската дипломатија на 27 септември ќе настапи на Самитот за глобалната агенда во областа на развојот за периодот по 2015 година. Планирана е средба на „квартетот“ меѓународни посредници (Русија, САД, ООН и ЕУ) за решавање на проблемите на Блискиот Исток.
Централен настан на претседателствувањето на Русија со СБ ООН ќе биде министерската седница на тема „Одржување на меѓународниот мир и безбедност: решавање на конфликтите на Блискиот Исток и во Северна Африка и борба со терористичката закана“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче