Претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот на Грција Алексис Ципрас во телефонски разговор ја потврдија заинтересираноста за понатамошно зголемување на соработката во сите правци, вклучително и во енергетската сфера, соопшти прес-службата на Кремљ.
Шефот на руската држава му ја честиташе победата на парламентарните избори во Грција на лидерот на партијата „Коалиција на радикални леви сили“ и стапувањето на функцијата шеф на грчката влада.
„Владимир Путин и Алексис Ципрас ѝ дадоа висока оценка на руско-грчката соработка и ја потврдија заинтересираноста за понатамошно зголемување на соработката во сите правци, вклучително и во енергетската сфера“, истакнаа од Кремљ.
Лидерите на земјите се договорија да ги продолжат личните контакти, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.