Според информациите на агенцијата „Националнаја служба новостеј“, членот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни работи Игор Морозов изјавил дека Кина почнува со воени операции против терористите на „Исламската држава“ и ја упатила својата воена флота кон бреговите на Сирија. „Веќе е познато дека и Кина се приклучува на нашата воена операција во Сирија, во Средоземното море веќе влезе кинески крстосувач, по него доаѓа носач на авиони на Кина“, ги цитира агенцијата зборовите на Морозов.
Според него, наскоро во операцијата што ја спроведува Русија против ИД може да се приклучи и Иран преку „Хезболах“, така што, на тој начин руската коалиција во регионот зајакнува и за САД најправилен чекор ќе биде да ѝ се придружат. Иако позициите на Москва и Вашингтон се разидуваат во однос на начините за решавање на сирискиот конфликт, сепак слабата ефикасност на активностите на американската коалиција против терористите е веќе очигледна, а исламистите само ги зацврстија своите позиции.
Според зборовите на Морозов, преговорите меѓу американското и руското министерство за одбрана веќе се почнати и се разработуваат механизми за координирање на активностите, пренесува „Правда.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче