Две украински авиокомпании ќе се најдат под руски санкции

Москва со одговор на проширувањето на санкциите од страна на Украина.

Русија има намера да одговори со адекватни мерки на забраната за летање во Украина за авиокомпаниите „Аерофлот“ и „Трансаеро“ од страна на Киев: две украински авиокомпании ќе се најдат под санкции што РФ добие официјално објаснување од Киев. Ова во саботата го изјави министерот за транспорт на Русија Максим Соколов во интервју за каналот „Русија 1“, пренесува ТАСС.

„Се разбира, руските воздухопловни власти ќе преземат апсолутно реципрочни мерки. До денес сѐ уште немаме добиено официјално објаснување или официјална забрана од Украина, но штом ги добиеме, ќе воведеме возвратни мерки и на две украински авиокомпании исто така нема да им биде дозволено летање на територијата на Русија“,изјави Соколов.  

„Мислам дека тоа на крај ќе доведе, доколку таквата ситуација продолжи континуирано да се одвива, до деградација на авионскиот сообраќај (на Украина)“, потенцираше Соколов.  

Министерот истакна дека транзитните летови во Европа веќе одамна одат преку територијата на Руската Федерација заобиколувајќи ја Украина. „Тоа, се разбира, е чувствително, но од гледна точка на цената на билетот тоа е веќе факт“, рече тој.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.