„Вол Стрит Џурнал“: Путин со говорот во ООН се враќа во прв план на глобалната политика

Со помошта за сириската влада во екот на најголемата светска бегалска криза, Русија станува незаменлива во решавањето на глобалните проблеми, пишува „Вол Стрит Џурнал“.

Рускиот претседател Владимир Путин првпат во десет години ќе зборува пред Генералното собрание на ООН, што ќе биде симбол за враќањето на Русија на сцената на светската политика, пишува деловниот весник „Вол Стрит Џурнал“.

Изданието истакнува дека со давањето воена помош за сириската влада во екот на најголемата светска криза со бегалците кои го напуштаат Блискиот Исток, рускиот претседател станува незаменлив фактор во решавањето на глобалните проблеми.  

„Претседателот на Русија планира да го напушти Њујорк со статус на најважен учесник на настанот, а не во улога на лидер на регионална држава“, цитира весникот неименуван европски функционер кој често контактира со Кремљ.  

Истовремено, поранешниот директор на програмата за истражување на Советскиот Сојуз при Советот за меѓународни односи (Council on Foreign Relations), политикологот Роберт Легволд не очекува дека настапот на рускиот лидер на сесијата на Генералното собрание на ООН ќе доведе до некакви промени во односите меѓу Москва и Вашингтон.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.