Путин е убеден дека кризата може да се реши само со зајакнување на државните институции на Сирија

Претседателот на Русија потенцираше дека „само сирискиот народ има право да решава кој и како треба да управува со неговата земја“.

За сириската криза не постои поинакво решение освен зајакнување на државните институции и нивно помагање во борбата против тероризмот. Ова го изјави претседателот на Русија Владимир Путин во интервјуто со американскиот новинар Чарли Роуз, од кое дел беше прикажан на телевизијата „Си-Би-Ес“ во четвртокот, пренесува ТАСС.

Според мислењето на Путин, секоја активност, „насочена кон уништување на легитимната влада (на Сирија) ќе создаде иста ситуација каква што може да се види во другите земји во регионот или во други региони, на пример, во Либија, каде сите државни институции се уништени“. „Гледаме слична ситуација во Ирак. И нема ниеден друг начин да се реши сириската криза освен со зајакнување на ефективните државни структури и со давање помош во борбата против тероризмот“, убеден е рускиот претседател.

Притоа тој укажа на потребата истите да бидат повикани „на позитивен дијалог со рационалната опозиција“ и на спроведување реформи. Путин исто така потенцираше дека „само сирискиот народ има право да решава кој и како треба да управува со неговата земја“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.