„Национален Интерес“: Пет руски оружја способни да ја уништат ИД

Ако Русија се впушти во борба против „Исламската држава“, терористите ќе имаат сериозни проблеми, смета американскиот магазин.

Ако Русија учествува во операциите против терористичката организација „Исламска држава“, на исламистите нема да им биде лесно, пишува „Национален Интерес“. Магазинот ги набројува петте руски оружја кои можат да влијаат на текот на борбата со ИД.

Првото на листата е авионот Су-25, опремен со ракети, бомби и 30-милиметарски топ. Второто оружје е хеликоптерот Ми-24, наречен „летачки тенк“ наменет за транспорт на жива сила и огнена поддршка, опремен со бомби, ракети и 12,7-милиметарски митралез. На трето место се наоѓа транспортерот БТР-82А, кој обезбедува мобилност, заштита и огнена поддршка за пешадијата. Како едно од најважните средства за поддршка на копнените сили, магазинот ги наведува руските беспилотни летала кои, доколку Русија почне да дејствува во Сирија, ќе станат најзначителниот придонес во борбата со ИД.

И, како уште едно сериозно „оружје“ изданието го наведува рускиот „Спецназ“, познат по многубројните „импресивни“ операции. Сепак неговата примена ќе има смисла единствено ако Русија значително ја прошири сферата на своето учество во борбата против ИД, смета „Национален Интерес“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.