Чуркин: „Исламската држава“ може да биде победена заеднички и „на земја“

Постојаниот претставник на РФ Виталиј Чуркин во ООН исто така потенцираше дека антитерористичката соработка во ООН се развива успешно.

Можно е да се победи „Исламската држава“ само со обединување на сите сили кои војуваат против ИД „на земја“, со почитување на Повелбата на ООН и со почитување на суверенитетот на државите. Ова во интервју за „Известија“ го изјави постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин, пренесува ТАСС.

„Да се победи тероризмот, а уште повеќе таквиот феномен како „Исламската држава“ може само заеднички, со обединување на сите сили кои војуваат против ИД „на земја“, врз основа на Повелбата на ООН, со почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на државите. И без двојни стандарди, поделби на терористите на „добри“ и „лоши“. Кон тоа е насочена иницијативата на Владимир Путин за создавање широка коалиција против ИД и на сите останати терористички групи активни во блискоисточниот регион“, истана Чуркин.

Постојаниот претставник исто така потенцираше дека антитерористичката соработка во ООН се развива успешно: донесена е резолуцијата Бр. 2199 на Советот за безбедност за пресечување на финансирањето на терористите, вклучително и од продажба на нафта, активни се санкциските институции на ООН за антитероризам, а исто така донесен е и цел комплет антитерористички документи од Советот за безбедност СБ кои ја криминализираат активноста на терористичките организации, вклучително и на ИД. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња