Захарова: „Шокирани сте? Украина и САД ја вооружиле ИД?“

„Доказите од социјалните мрежи“ кои, благодарејќи на Стејт департментот влегоа во мода, сведочат за тоа дека воената моќ на ИДИЛ е формирана во Вашингтон и ... Киев, пишува портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова на својата Фејсбук страница одговори на обвинувањата која на Русија ѝ ги упати министерот за надворешни работи на Украина Павел Климкин.  

„А дали е Пентагон запознаен со тоа дека ИДИЛ не може да се победи по воен пат“, се прашува Захарова и се чуди на толку „неколегијалните” изјави на украинскиот министер кои ја доведуваат во прашање работата на САД.

„Доказите од социјалните мрежи“ кои, благодарејќи на Стејт департментот влегоа во мода, сведочат за тоа дека воената моќ на ИДИЛ е формирана во Вашингтон и ... Киев, пишува Захарова. 

Таа наведува неколку примери со фотографии од украински БТР-4, запленет во Ирак, и линк до списокот со стотици единици техника од американско производство кои се нашле во рацете на ИДИЛ. „Тоа се одлични и непобитни докази дека Украина и САД учествуваат во вооружувањето на ИДИЛ“, додава иронично Захарова и додава дека, според Стејт департментот“, Украина ги прекршила санкциите на ОН со испорачувањето на радарите „Кољчуга“ на режимот на Садам Хусеин уште во 2000 година.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња