Научниците од Балтичкиот федерален универзитет „Имануел Кант” во Калининград создадоа уникатна бубачка-робот која изгледа и се движи како вистински инсект но, за разлика од живите лебарки, може да му донесе голема полза на човекот, на пример, може да бара луѓе под урнатини или да извршува задачи за извидување.
„Бубачката-робот ја нарача руска организација која во своите барања наведе дека роботот треба максимално да личи на вистинска лебарка, како според изгледот, така и по однесувањето“, соопшти претставник на универзитетот, а пренесува РИА „Новости”.
За прототип е одбрана јужноамериканскиот вид на лебарка Blaberus Giganteus. Роботот е долг помалку од 10 сантиметри, но може да помине до 30 сантиметри во секунда. Може да носи товар од околу 10 грама, на пример, минијатурна камера или „бубачка” и затоа ќе може да се користи за откривање луѓе под урнатини и за извидување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче