Путин и Ердоган разговараа за „Турски тек”

Реализацијата на „Турски тек“ малку е забавена поради претстојните избори во Турција“, изјави портпаролот на турскиот претседател Дмитриј Песков.

Претседателот на Русија Владимир Путин и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган разговараа во Москва и за прашања поврзани со гасот, соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, а пренесува „Взгљад”.

„Беше дискутирано и прашањето за гасот. Дневниот ред беше обемен. Работите се малку забавени поради фактот што на 1 ноември на Турција ѝ претстојат парламентарни избори“, рече Песков.

Одговарајќи на прашањето дали бил постигнат некаков договор во врска со реализацијата на „Турски тек“, Песков рече дека работата на проектот продолжува. „Работата продолжува, постои меѓусебно разбирање. Тоа е мошне тешка и сложена работа, и сѐ се одвива по редослед“, истакна портпаролот на рускиот лидер.

Минатата недела потпретседателот на „Гаспром“ Александар Медведев изјави дека пуштањето во работа на “Турски тек“ ќе биде одложено, односно гасоводот нема да биде пуштен во работа кон крајот на 2016 година, како што претходно беше планирано.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња