САД го блокираат предлогот на Русија да се вклучи „Исламската држава“ како самостојна организација на списокот со санкции на Советот за безбедност на ООН. Москва ќе продолжи да го поставува тоа прашање, изјави во интервју за РИА „Новости“ директорот на Одделот за нови предизвици и закани при МНР РФ Илја Рогачов.
„За никого не е тајна дека ИД е самостојна структура која настапува, во одредена мера, како соперник на „Ал Каеда“. Притоа на антитерористичкиот список со санкции на СБ ООН таа е означена како едно од имињата на „Ал Каеда во Ирак“. Ние веќе предлагавме да се вклучи ИД во списокот со санкции на ООН како самостојна организација. Но нашите предлози се блокирани од западните членки на СБ, пред сѐ од САД, под разни изговори“, изјави рускиот дипломат.
„Сметаме дека Американците зборуваат така само поради една околност: намерата да се покаже дека тоа зголемување на моќта на ИД, нејзините сегашни успеси никако не се поврзани со тоа што западњаците, пред сѐ САД, многу нејасно ја култивираа опозицијата на владата на Башар Асад, вклучително и тоа што значителни ресурси се најдоа во рацете на екстремистите. Тоа е чисто политички пресметана позиција која нема речиси ништо заедничко со антитероризмот. Затоа ние упорнo го поставуваме ова прашање и ќе продолжиме упорно да го поставуваме“, потенцираше Рогачов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче