Рано е да се зборува за содржината на можната средба на јубилејната сесија на Генералното собрание на ООН меѓу претседателите на РФ и САД Владимир Путин и Барак Обама додека не биде официјално потврдена, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, а пренесува РИА „Новости“.
„Ајде да не се залетуваме. Откако ќе биде потврдена средбата, и доколку биде потврдена, ние ќе дадеме соодветна изјава“, изјави тој, одговарајќи на прашањето дали ќе се одржи средба меѓу Путин и Обама на маргините на сесијата на Генералното собрание на ООН во Њујорк.
Притоа Песков, коментирајќи ја можноста за дискусија за заеднички активности на РФ и САД во Сирија, потенцираше дека засега не е најавена средба, „дотолку повеќе е рано да се зборува за можната (нејзина) содржина“.
Претходно во четвртокот весникот „Њујорк Тајмс“ повикувајќи се на неименувани извори во администрацијата на претседателот на САД соопшти дека средбата меѓу Путин и Обама може да се одржи на маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк на 28 или 29 септември и дека би можело да се покаже како полезна со оглед на ситуацијата во Украина и Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче