Украински министeр: Русија ги обучуваше борците на ИД

Украинскиот министер за надворешни работи Павел Климкин вели дека Русија многу добро ги познава припадниците на „Исламската држава“, затоа што повеќето од нив се војници на армијата на Садам Хусеин.

Украинскиот министер за надворешни работи Павел Климкин изјави дека Русија „во голема мера ги тренираше“ борците на „Исламска држава“, пренесува ТАСС.

„Голем број од оние кои сега се на страната на „Исламска држава“ се поранешни војници на Садамовата армија. Русија одлично ги познава, го знае нивниот менталитет, затоа што во голема мера ги тренираше“, изјави Климкин, зборувајќи за руската политика на Блискиот Исток.

Истовремено, според информациите во медиумите, руските и американските разузнавачки служби на тајни преговори дошле до договор за соработка во Сирија.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.