Путин во Москва ќе разговара со Ердоган

Според информациите од прес-службата на Кремљ, претседателот на Турција ќе пристигне во работна посета на Москва за да учествува во церемонијата на отворањето на реновираната Московска Соборна џамија.

Претседателот на Русија Владимир Путин ќе има разговори со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган. Како што објасни портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, средбата ќе се одржи „во тесен и проширен формат“, пренесува ТАСС.

Според информациите од прес-службата на Кремљ, претседателот на Турција ќе пристигне во работна посета на Москва за да учествува во церемонијата на отворањето на реновираната Московска Соборна џамија. „Навистина, претседателот на Турција ќе пристигне во работна посета на Москва за да учествува во церемонијата на отворањето на реконструираната Московска Соборна џамија, и по тој повод, исто така, ќе се одржи средба меѓу него и претседателот на Русија, ќе се одржи билатерална средба“, истакна Песков.

Путин и Ердоган ќе разговараат за широк спектар прашања од политичката и економската агенда. Не е исклучено страните да разменат мислења за ситуацијата на Блискиот Исток и на еден или друг начин да ја начнат темата за изградбата на гасоводот „Турски тек“.   

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.