Песков: Распоредувањето американско нуклеарно оружје во Германија ќе бара контрамерки од Русија

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков не ги конкретизираше мерките за рускиот одговор.

Одлуката на Германија да распореди на своја територија нуклеарно оружје на САД ги зголемува тензиите во Европа, ја нарушува стратешката рамнотежа и ќе бара од Русија примена на мерки за заштита на својата национална безбедност, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

„Се разбира, тоа е уште еден чекор – за жал, многу сериозен – кон предизвикување тензии на европскиот континент“, изјави портпаролот на Кремљ, а пренесува ТАСС.

„За жал, во случај на реализација на тој чекор -  а може да се каже дека тие уверено одат кон реализација на тој чекор – тоа може да доведе до нарушување на стратешката рамнотежа во Европа и затоа, несомнено, тоа ќе бара од Русија примена на соодветни контра-чекори, контрамерки за воспоставување на паритет“, потенцираше Песков.  

„Тоа не е чекор во правец на зајакнување на стабилноста, во правец на зголемување на довербата и зајакнување на безбедноста во Европа“, констатираше тој.  

Портпаролот на претседателот не ги конкретизираше возвратните мерки.

„Тоа се оние чекори кои ќе се бараат за осигурување на националната безбедност на Русија и воспоставување стратешки паритет“, изјави Песков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња