Грушко: Обидите да се демонизира Русија се осудени на пропаст

Таквите обиди не соодветствуваат на реалната ситуација на полето на безбедноста, се косат со потребите за обединување на напорите за решавање на глобалните проблеми, изјави постојаниот претставник на РФ во НАТО Александар Грушко.

Обидите на Западот да ја демонизира Русија се осудени на пропаст, изјави постојаниот претставник на РФ во НАТО Александар Грушко.

„За нас е очигледно дека своевидните обиди да се демонизира Русија се осудени на пропаст. Пред сѐ поради тоа што тие не соодветствуваат на реалната ситуација на полето на безбедноста, се косат со потребите за обединување на напорите за решавање на глобалните проблеми со кои денес се судира меѓународната заедница“, изјави тој во интервју за РИА „Новости“.

Притоа Грушко истакна дека „некои високопозиционирани генерали кои го претставуваат НАТО зборуваат дека Северноатлантската алијанса има три предизвици: Русија, исламскиот радикализам и мигрантите“.  

Според зборовите на Грушко, „во сегашниве услови секој проект што е насочен кон создавање на безбедносни зони, независно од тоа дали е тоа затворена Европа во рамките на ЕУ или евроатлантската заедница со потпора врз инструментите на НАТО, апсолутно не е остварлив“.

„Грешката на нашите соседи по континент исто така се состои во тоа што тие поради некоја причина поаѓаат од тоа дека она што е добро за НАТО и ЕУ, е добро и за сите други, и врз таа основа се обидуваат да „привлечат“ партнери. Во однос на Русија таквата схема нема да функционира. Ние сме подготвени за соработка, но само на рамноправна основа, кога во целосна мера се земаат предвид нашите легални интереси. Тоа е исто така една од поуките која Западот треба да ја извлече при формулирањето на приоритетите во сферата на безбедноста“, изјави постојаниот претставник на РФ во НАТО Грушко. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.