Американските планови за модернизација на нуклеарното оружје во Германија предизвикуваат загриженост во Русија, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова во интервју за германските медиуми“, пренесува РИА „Новости”.
Захарова укажа на тоа дека Русија во текот на 90-те години четири пати го намали својот нестратешки нуклеарен потенцијал.
„Истовремено во Европа, во Германија, Белгија, Холандија, Италија, во Турција останува тактичкото нуклеарно вооружување на САД. Американците ги модернизираат своите атомски бомби, а европските членки на НАТО се носители на истите тие бомби“, изјави Захарова.
Германија првпат по многу години ќе почне да го зголемува својот воен буџет. Таквата одлука е донесена поради политиката на Москва, која Берлин ја смета за закана по европската безбедност, сметаат аналитичарите и додаваат дека Германија е неспособна да ја врати својата воена сила што ја имаше пред триесетина години.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче