„Вол Стрит Џурнал“: Активирањето на соработката меѓу Русија и Иран не им дозволува на САД да го отстранат Асад од власт

Според оценката на „Вол Стрит Џурнал“, администрацијата на Обама се најде во безизлезна состојба од дипломатска и стратешка гледна точка.

Проширувањето на соработката меѓу Русија и Иран стана сериозна пречка за САД кои се надеваат на отстранување од власт на сирискиот претседател Башар Асад, пишува електронското издание на американскиот весник „Вол Стрит Џурнал“, а пренесува ТАСС.

„Како што истакнуваат официјалните лица на САД и блискоисточните земји, поактивна координација меѓу Русија и Иран, кои се стремат да му помогнат на претседателот Башар Асад да ја задржи контролата над упориштето во крајбрежната област, создаде нови потешкотии за реализација на дипломатските цели на Вашингтон“, истакнува изданието. Тоа констатира дека наведените цели се состојат, пред сѐ, во отстранување на Асад од власт.   

Според процената на изданието, проширувањето на поддршката за Асад од страна на Русија и Иран „ја става администрацијата на Обама во безизлезна положба од дипломатска и стратешка гледна точка“. Така, истакнува весникот, Вашингтон веќе „ги омекна своите барања во однос на тоа дека Асад треба да си замине пред да започне процесот на предавање на власта во земјата“. Овен тоа, „државниот секретар Кери минатиот викенд изјави дека Асад може да одигра улога во предавањето на власта на новата влада“.

„Вол Стрит Џурнал“ пренесува мислење на еден извор кој истакнува дека зајакнувањето на позициите на Русија во Сирија „може да помогне во решението за Сирија по дипломатски пат“, меѓутоа, под услови на Москва, а не на Вашингтон.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња