Вашингтон не го коментираше гранатирањето на руската амбасада во Сирија

МНР РФ истакна дека амбасадата била гранатирана од противници на сириската власт кои се финансирани од странство.

Портпаролот на Стејт департментот на САД Џон Кирби се воздржа од коментар на прашањето во врска со гранатирањето на амбасадата на РФ во Дамаск, пренесува „Интерфакс“.  

„Не, немам што да изјавам во врска со тоа, жалам“, изјави тој.

Претходно во понеделникот МНР РФ изјави дека Москва го осудува гранатирањето на амбасадата на Русија во Дамаск и апелира до сите членки на меѓународната заедница да искажат јасна позиција во однос на тој инцидент и да преземат неопходни мерки.

Од дипломатскиот ресор на Русија истакнаа дека гранатирањето на амбасадата од минофрлач било извршено од реонот Џобар, каде се наоѓаат бунтовниците. „Тие не спаѓаат во приврзаниците на „Исламската држава“, но имаат надворешни спонзори врз кои лежи одговорноста за пружање неопходна помош за нелегално вооружените формации“, истакнаа од МНР РФ.

Од Министерството изјавија дека во неделата во 09 часот наутро, на територијата на амбасадата на РФ во Дамаск паднала минофрлачка граната без да причини штета. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.