Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека целта на акцијата на активистите со блокадата на Крим е најбрзо враќање на државниот суверенитет на Украина над полуостровот, пренесува УНН.
Петро Порошенко во Лавов ги коментираше активностите на активистите кои ги затворија патиштата во близина на пограничните премини со Крим и не ги пропуштаат камионите со прехранбени производи да преминат на територијата на полуостровот. Тој смета дека со помош на блокадата, жителите на Крим ќе го сменат својот однос спрема Украина и ќе се вратат „под закрила“ на Киев.
Според зборовите на Порошенко, украинските граничари и МВР добиле наредба да го обезбедуваат редот и мирот и да спречат провокации при спроведувањето на акцијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче