Папата Франциск: Без Русија не можат да се решат најважните светски проблеми

Поглаварот на Католичката црква го изјави ова во текот на посетата на Куба.

Најважните светски проблеми не можат да се решат без Русија, изјави римскиот папа Франциск.

„Без Русија денес не може да се реши ниту еден од важните светски проблеми“, изјави поглаварот на католичката црква папата Франциск на Куба.

Папата Франциск високо ја оцени соработката меѓу Ватикан и амбасадата на при Светата столица“, пренесува „Взгљад”.

Поглаварот на Католичката црква го започна од Куба своето патување по странство, кое опфаќа и посета на САД. Во текот на посетата на Америка, папата ќе учествува во Заседанието на Генералното собрание на ОН, каде е планирано негово обраќање во кое, според мислењето на членовите на папската делегација, тој ќе зборува за неопходноста од решавање на конфликтите на Блискиот Исток, вклучително и на сирискиот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња