Министерот за надворешни работ на Јапонија Фумио Кишида ја посети Русија со намера да ги промени негативните тенденции во односите меѓу двете земји, кои се влошени поради нерешеното територијално прашање и поради приклучувањето на Токио кон западните санкции. Меѓутоа, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по вчерашните разговори изјави дека „несогласувањата по прашањето за склучување мировен договор се големи” и дека Јужните Курили, според неговите зборови, воопшто „не се предмет на дискусија“, пренесува „Комерсант”.
Лавров сепак даде дека Русија е расположена за развој на руско-јапонските односи и дека има за цел решавање на постојните проблеми, како и на новите проблеми кои се појавуваат во последно време „и кои во многу нешта се вештачки предизвикани“.
Иако јапонската страна, според изјавите на дипломатски извори во Токио, очекува дека претстојната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Јапонија ќе доведе до „напредок во решавањето на територијалното прашање“, руските стручњаци со кои разговараше „Комерсант“ сметаат дека тоа тешко може да се случи.
Експертите исто така проценуваат дека многу тешко може да се постигне позначаен напредок во односите меѓу двете земји. „Јапонците тешко можат да се извлечат од под американскиот чадор и се растргнати на повеќе страни, обидувајќи се да избегнат компликации со Вашингтон, а притоа да спроведуваат мултиполарна политика. Па сепак, откако најави дека ќе води мултиполарна политика, премиерот на Јапонија Абе сфаќа дека би било кратковидо притоа да ја игнорира Русија“, смета директорот на Центарот за азиска стратегија на Русија при Институтот за економија на Руската академија на науки Георгиј Толораја.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче