Јацењук: Потребно ни е дефанзивно оружје против нуклеарна Русија

„Ни треба одбранбен потенцијал за да ѝ се спротивставиме на нуклеарна држава“, рече Јацењук на седницата на Советот за национална безбедност на која присуствуваше генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Премиерот на Украина Арсениј Јацењук изјави дека Украина не барала од НАТО земјите офанзивно, туку дефанзивно оружје.

„Уште еднаш сакам да нагласам: никогаш не сме барале офанзивно оружје. Но мораме да ги браниме нашата земја, мирот и стабилноста, па и мирот и стабилноста на Европа. Ни треба одбранбен потенцијал за да ѝ се спротивставиме на нуклеарна држава”, ги пренесува РИА „Новости” зборовите на Јацењук од седницата на Советот за национална безбедност на која присуствуваше генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Јацењук исто така, искажа убедување дека Русија постојано го крши меѓународното право и дека прашањето за членство на Украина во НАТО е на агендата на земјата, но за тоа е потребно време. 

Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека зачленувањето на Украина во НАТО го поддржува повеќе од 60 отсто Украинци (беа 16% пред само две години) и вети дека Украина како земја ќе одговара на сите НАТО стандарди.

Експерти сепак сметаат дека Украина нема да влезе во НАТО во следните 20 години. Поранешниот генерален секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен изјавуваше дека Украина мора да исполни низа критериуми, а за тоа ќе биде потребен подолг период.  Освен тоа, НАТО не прима во своите редови земји со нерешени територијални прашања, а Украина го бара Крим, република во составот на Руската Федерација.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња