Во Русија создаден парфем со мирис на пари

Во Суздаљ ќе започне производство на парфем со мирис на пари.

Производството на парфем со мирис на пари ќе почне во Суздаљ, туристички град во Владимирската област. Како што за ТАСС изјави еден од идејните творци на овој производ Михаил Самојлов, „мирисите кои предизвикуваат слики разбирливи за сите кои доаѓаат во Суздаљ се: медовината, краставиците, сеното и мирисот на парите“.  

„Оние кои биле овде знаат дека одморот не е евтин“, изјави Самојлов. Се работи за унисекс парфем кој ќе можат да го користат и мажи и жени.

Суздаљ секоја година го одбележува Денот на краставиците, медовината е омилен пијалак и се продава буквално на секој чекор. Што се однесува до парите, цената на одморот во Суздаљ  е повеќепати прогласена за една од највисоките во земјата.  

Многу туристички места во Русија веќе произведуваат свои парфеми. Руските парфимерии создадоа серија парфеми „Санкт Петербург” кои го пренесуваат духот на различни делови на градот, меѓу останатото и на Петропавловската тврдина и Екатеринскиот парк. 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња