„Владимир Мономах” ќе лансира ракета „Булава”

Ракетата „Булава” ќе биде лансирана под вода во Баренцовото море и треба да погоди цел на полуостровот Камчатка.

Руската нуклеарна подморница за стратешки намени „Владимир Мономах“ се подготвува за лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Булава“ од Баренцовото море, пренесува „ТВ Ѕвезда“.

Лансирањето на „Булава“ е одговорна работа и затоа посадата на подморницата се подготвува посебно за оваа акција. Ракетата „Булава“ ќе биде лансирана под вода и треба да погоди цел на полигон Кура на полуостровот Камчатка.

По тестирањето на „Булава“ најновата подморница од класата „Бореј“ ќе тргне во мисија по Северниот морски пат до Тихиот океан. Тука подморницата „Владимир Мономах“ треба да влезе во состав на Тихоокеанската флота, при што своето патување ќе го изврши со полна борбена опрема, што значи со 16 балистички ракети. „Владимир Мономах“ на борбено дежурство треба да стапи до крајот на годината. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња