Сириската опозиција ѝ се заканува на Русија со нов Авганистан

Русија ризикува да се впушти во нов Авганистан, војниците ќе доаѓаат, а ќе се враќаат во ковчези“, ги пренесува „Ројтерс“ изјавите на претставниците на сириската опозиција кои војуваат против претседателот Башар Асад.

„Русија ризикува да се вмеша во нов Авганистан, војниците ќе доаѓаат, а ќе се враќаат во ковчези“, ги пренесува „Ројтерс“ изјавите на претставниците на сириската опозиција кои војуваат против претседателот Башара Асад.

Бунтовниците велат дека руската поддршка за властите во Сирија може да доведе до тоа Саудиска Арабија да почне повеќе да ја помага вооружената опозиција, пишува „Ројтерс“. Покрај тоа, посериозна странска интервенција може да влијае на и онака комплицираните односи меѓу Саудиска Арабија и Иран, нагласува агенцијата.

Бунтовниците велат дека веќе наишле на силен отпор од владините сили во областите каде, според соопштенијата на западните медиуми и Министерството за одбрана на САД, Русија наводно испратила свои војници и техника. Според нивните зборови, истакнува агенцијата, „војната со учество на Русија ќе стане уште пожестока“.

„Сметаме дека војната ќе трае подолго отколку што би траела без Русите“, изјави еден од командантите на бунтовниците во Латакија Абу Јусуф ел Мухаџир. Тој исто така смета дека Русија се вмешала за да го спаси режимот на Асад. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.