Саакашвили виде опасност во блокадата на Крим

Губернаторот на Одеската област Михаил Саакашвили е убеден дека „неофицијалните формации“ по блокадата на Крим ќе посакаат да добијат власт, убедени дека штом веќе ја затвориле границата, значи, тие се власт.

Блокадата на Крим требаше да се спроведе на официјално ниво, а не со силите на невладините организации и активистите, изјави претседателот на Одеската област Михаил Саакашвили во интервју за „Еспресо TВ", пренесува РИА „Новости“.

„Тие работи треба да ги реализираат државни формации, а не дел од јавноста со оружје“, изјави Саакашвили.

Саакашвили потенцираше дека таквите неофицијални формации по блокадата ќе посакаат да добијат власт, убедени дека штом „веќе ја затворивме границата, значи, ние сме власт“.

„Државата никому не треба да му дава монопол на употреба на сила“, изјави губернаторот на Одеската област. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња