Претседателот на Русија Владимир Путин испрати телеграма со честитки до Алексис Ципрас во врска со победата на неговата партија „Коалиција на радикални леви сили“ на парламентарните избори во Грција, соопшти прес-службата на Кремљ, а пренесува ТАСС.
„Во честитките шефот на руската држава изрази надеж за продолжување на конструктивниот дијалог и активна заедничка работа за понатамошно зацврстување на соработката во различни области, вклучително и во трговско-економската, енергетската и хуманитарната“, потенцира Кремљ.
Претходно Ципрас изјави дека грчкиот народ ѝ дал на партијата СИРИЗА мандат на четири години. Според неговите зборови, „ова не е победа на СИРИЗА – ова е победа на народот на нашата земја“.
Коалицијата на радикалните леви сили СИРИЗА) на поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас победи во неделата на вонредните парламентарни избори, освојувајќи 35,47% од гласовите, објави во понеделникот Министерството за внатрешни работи на Грција по обработката на 98,25% од гласачките ливчиња.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче