Путин: Сириската армија нема време за втор фронт

Претседателот на Русија Владимир Путин на средбата со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави дека сириската армија сега нема време да отвори втор фронт, затоа што Дамаск треба да си ја спасува државата.

Освен тоа, шефот на руската држава потенцираше дека Русија одговорно ќе дејствува на Блискиот Исток.

Истовремено претседателот Путин истакна дека Русија ги осудува гранатирањата врз Израел и го оценува дијалогот со таа земја како позитивен.

Од своја страна Нетанјаху изјави дека Русија и Израел имаат заеднички интереси за обезбедување на безбедноста на Блискиот Исток и истакна дека пристигнал во Москва за да ја изрази својата позиција во однос на меѓународната проблематика и да избегне разногласие со Русија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.