„Ќе разговарам со претседателот Владимир Путин да ѝ испорача на Венецуела не помалку од 12 нови „Сухои“ и да го замени тој што го изгубивме“, ги цитира порталот Noticias24 зборовите на Мадуро. Ноќта спрема петокот ловец Су-30 на венецуелското воздухопловство се сруши на границата со Колумбија и двајца пилоти загинаа.
Освен тоа, Мадуро соопшти за плановите да склучи договори за купување различна воена техника со Кина за одбрана на земјата, вклучително и за борба против трговијата со дрога. „Дадов наредба да се засили борбата со нарко-трговијата, независно од каде доаѓа, особено од Колумбија“, рече лидерот на Венецуела.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.