Крај на војната во Сирија е можен само со поддршка од целата меѓународна заедница, вклучително и од Русија, изјави министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер во неделата по разговорите со државниот секретар на САД Џон Кери.
„Војната во Сирија ќе заврши само во случај ако меѓународната заедница со учество на Турција, Саудиска Арабија, Иран и Русија преземе заедничка одговорност. Денеска зборувавме за заедничките цели“, изјави министерот.
„Чувствуваме не само политичка, но и морална обврска по речиси 5 години граѓанска војна, која донесе 52 илјади убиени, 12 милиони бегалци, да го запреме во Сирија крвопролевањето“, додаде Штајнамер, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче