„Шпигел“: САД стравуваат од говорот на Путин на заседанието на Генералното собрание на ОН

Вашингтон стравува од говорот на рускиот претседател Владимир Путин на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк во врска со ситуацијата во Сирија, пишува германски „Шпигел“.

Вашингтон стравува од говорот на рускиот претседател Владимир Путин на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк во врска со ситуацијата во Сирија, пишува германски „Шпигел“, а пренесува РИА „Новости“.

„Ситуацијата во Сирија е во таков ќорсокак што Вашингтон го разгледува својот курс и го прифаќа она што до пред неколку недели изгледаше како незамисливо: се договара со Русија на дипломатско и воено ниво“, пишува весникот, потсетувајќи дека поради украинската криза дијалогот со Москва во воената сфера беше замрзнат, додека по прашањето за Сирија Русија и САД од почетокот имаа различни ставови.  

Според весникот, воспоставувањето дијалог е резултат на цела низа причини. Изданието не исклучува дека САД стравуваат од говорот на Путин на заседанието на Генералното собрание на ОН во Њујорк, во текот на кој, како што се очекува, рускиот претседател ќе ја повика меѓународната заедница на формирање широка коалиција за борба против терористичката група „Исламска држава”.

„Ненадејната соработка со Москва, најверојатно, има за цел во текот на заседанието на Генералното собрание на ОН да не дозволи ставот на Владимир Путин да победи”, претпоставува изданието.

Освен тоа, „Шпигел“ истакнува дека претседателот на САД Барак Обама е под голем притисок од противниците на САД. Некои критичари сметаат дека Вашингтон не треба да се меша во работите на Сирија, додека други, напротив, веруваат дека американското учество е површно.

Двете страни се согласуваат дека плановите на САД во врска со бомбардирањето од воздух на позициите на ИД и со обуката на сириската опозиција пропаднаа. Воспоставувањето контакт меѓу САД и Русија е знак дека САД сфатиле дека војната во Сирија не може да се запре без помош од Москва, смета весникот.

„Целта на Русија е да ги натера САД на преговори. На ова поле Путин постигна успех“, смета директорот на Московскиот „Карнеги“ центар, политикологот Дмитриј Тренин. Меѓутоа, нејасно е дали по воспоставувањето врска ќе следи тесна соработка. Политикологот не исклучува дека страните само сакаат да „не се создаваат пречки една на друга во Сирија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.