Медиуми: САД ќе ја поддржат Русија во борбата против ИД во Сирија

Вашингтон, како што соопштува германски „Билт ам Зонтаг“ повикувајќи се на извори во американските тајни служби, во иднина планира да ѝ дава разузнавачка помош на Москва.

САД имаат намера да соработуваат со РФ во разузнавачката сфера за борба против терористичката група „Исламска држава“ во Сирија, соопштува германското издание на „Билт ам Зонтаг“  повикувајќи се на извори во американски тајни служби.

Според информациите на изданието, делегации на ЦИА и Службата за надворешно разузнавање на РФ минатата недела имале средба во Москва. Целта на разговорите била разгледување на соработката меѓу РФ и САД во Сирија. Изданието соопштува дека Вашингтон има намера во иднина со помош на разузнавачки активности да ги поддржи воените дејствија на Москва против терористичката група „Исламска држава“ во Сирија.  

Како што истакнува изданието, значителното зголемување на бројот на борци на ИД и реката бегалци од Сирија ги поттикнале РФ и САД на заеднички дејства.

Во петокот се одржа разговор на министрите за одбрана на РФ и САД Сергеј Шојгу и Ештон Картер, во кој страните се договорија за продолжување на дискусијата за ситуацијата во Сирија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња