Медиуми: „Десен сектор“ почнува со блокада на Крим

„Десен сектор“ поставува тешки бетонски блокови шаховски распоредени за да им го блокира патот на камионите натоварени со прехранбени производи кои одат за Крим.

Забранетата во Русија екстремистичка организација „Десен сектор“ ги подготвува позициите за блокада на транспортот со прехранбени производи за Крим во Херсонската област, соопштува телевизијата „112 Украина“.

Најавата за блокирање на границата со Крим напладне на 20 септември претходно ја објавија пратеници во Врховната рада на Украина, лидерите на нерегистрираната организација „Меџлис на кримските Татари“ Рефат Чубаров и Мустафа Џемилев. Подоцна се јави и „Десен сектор“ со изјава дека е подготвен да се приклучи на акцијата.  

„Десен сектор“ поставува тешки бетонски блокови во шаховски распоред за да им го блокира патот на камионите. Редот и мирот ќе ги чуваат стотина припадници на безбедносните сили. Обласната милиција за учесниците во акцијата подготви камп со шатори и ги обезбеди со вода и храна“, соопштува телевизијата.

Истовремено прес-службата на „Десен сектор“ соопшти на својот Фејсбук-профил дека „во акцијата за блокада на Крим учество е дозволено само по координација со раководството на регионалните одделенија на „Десен сектор“ или со командирите на единиците на Доброволечкиот украински корпус“.

 На територијата на акцијата дејствува оперативен штаб на „Десен сектор“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.