Руската стратегија што се однесува до Сирија е значително поразумна од американската, пишува во статија заAmerican Conservative познатиот американски политичар и публицист Патрик Бјукенен, кој има работено за администрациите на претседателите Никсон, Џералд Форд и Реган.
Според неговите зборови, грешката на Америка во Сирија е нејзината увереност во тоа дека победата над „Исламската држава“ е невозможно без отстранување на претседателот Башар Асад од власт. Овој став е сличен на уверувањето дека по рушењето на Садам Хусеин Ирак ќе стане демократски модел на Блискиот Исток, а дека падот на режимот на Муамер Гадафи ќе доведе до развој на прозападна Либија, се наведува во статијата.
Симнувањето на Асад од власт не е во интерес на Америка, затоа што во тој случај ќе ја снема силата која ќе стои меѓу ИДИЛ и Дамаск, истакнува авторот.
„Путин е во право кога вели дека непријателот број еден е ИДИЛ, а не Асад“, пишува Бјукенен, а пренесува РИА „Новости”.
„А кој, според мислењето на Американците, ќе се најде во Дамаск, ако Асад биде соборен? Падот на режимот ќе доведе до победа на терористите, пресметка со стотиците шиити, алавити и христијани, до бегство на уште милион луѓе во Јордан, Либан и Турција а оттаму во Европа“, уверен е тој.
Русија сака да го спречи тоа, но САД поради некои непознати причини го отфрлаат нејзиниот предлог за соработка. Веројатно, претпоставува Бјукенен, САД се просто „навредени” поради тоа што Русија со припојувањето на Крим одговори на државниот преврат во Киев што беше поддржан од Вашингтон.
Според Бјукенен, меѓу двете воени суперсили не може да нема несогласувања, но тие треба да бидат надминати заради заеднички цели. И САД и Русија се животно заинтересирани да избегнат меѓусебна војна и да ја победат ИДИЛ, смета авторот.
„Ако се раководиме според овие интереси, и да не ѝ се предаваме на русофобијата на нашите аналитички центри, ќе можеме без никакви проблеми да соработуваме во Сирија“, смета политичарот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче