Шојгу и Картер првпат разговараа еден со друг

Министрите за одбрана на САД и Русија Ештон Картер и Сергеј Шојгу во телефонскиот разговор во петокот „не дискутирале за итни дејствија на војската на Русија“ во Сирија, соопшти претставник на Пентагон.

Според зборовите на претставникот што ги цитира агенцијата „Ројтер“, страните ја разгледале земната заинтересираност за уништување на „Исламската држава“ во Сирија, пренесува РИА „Новости“.

„Тој (Шојгу) рече дека дејствијата на Русија по својот карактер се одбранбени и дека тие (Русија) биле насочени на исполнување на обврските пред сириската влада“, изјави претставникот на Пентагон, замолувајќи да не биде спомнато неговото име во печатот.  

Во петокот министрите за одбрана на Русија и САД Сергеј Шојгу и Ештон Картер во текот на телефонскиот разговор се договорија за понатамошно разгледување на „механизмите за намалување на напрегнатоста во Сирија“. Пентагон соопшти дека разговорот траел 50 минути.

Тоа е првиот телефонски разговор меѓу Картер и Шојгу во својство на министри за одбрана. Последниот пат шефовите на одбранбените ресори разговараа во август 2014 година, кога на чело на Пентагон беше Чак Хејгл.  

Меѓутоа, државниот секретар на САД Џон Кери соопшти дека преговорите меѓу Москва и Вашингтон во врска со Сирија ќе почнат во најскоро време, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.