Претседателот на Русија Владимир Путин наложи да се потпише Спогодбата за создавање руска воздухопловна база во Белорусија и им наложи на Министерство за одбрана РФ и МНР РФ да одржат преговори со Минск, беше објавено на официјалниот интернет-портал за правни информации во саботата, пренесува РИА „Новости“.
„Да се усвои предлогот на владата на Руската Федерација за потпишување Спогодба меѓу Руската Федерација и Република Белорусија за руска воздухопловна база на територијата на Република Белорусија“, се вели во указот.
Путин им наложи на Министерството за одбрана и на Министерството за надворешни работи на РФ да преговараат со Минск и по постигнувањето договор да се потпише наведената спогодба во името на руската страна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче