Русија доби двојно повеќе отколку што плати за „Мистралите“

Русија веќе го доби основниот дел од компензацијата за раскинот на договорот за испорака на „Мистралите“, што е двојно повеќе од средствата кои првични беа уплатени од руска страна, изјави министерот за индустриска трговија на РФ Денис Мантуров.

Русија поради девалвацијата на рубљата доби по раскинот на договорот за „Мистралите“ двојно повеќе отколку што плати, изјави министерот за индустриска трговија на РФ Денис Мантуров, пренесува РИА „Новости“.

„Колку што ми е познато, тие физички ги вратија веќе одамна. Рентабилност поради девалвација: ние плативме земајќи го предвид буџетот во рубли, а поради курсот тоа излегува двојно повеќе, затоа што во рубли добивме точно дупло“, изјави Мантуров на вториот форум на регионите на Русија и Белорусија во Сочи.  

„Основниот дел од средствата, кој ги надминува двојно повеќе оние што беа претходно уплатени во рубли, се разбира, веќе го добивме“, додаде тој.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња