Пентагон подготвува нови воени планови против Русија во Балтичкиот регион, пишува Foreign Policy.
Меѓутоа, како што истакнува изданието, проблемот се состои во тоа што во воените игри САД продолжуваат да губат.
Во статијата се вели дека првпат по распадот на Советскиот Сојуз министерството за одбрана на САД донело одлука да се ревидира и обнови планот за дејство во вонредни околности во случај на вооружен конфликт со Русија. И ако порано во плановите за вонредни мерки Русија важеше за потенцијален партнер, по присоединувањето на Крим Русија стана потенцијална закана.
„Имајќи ја предвид ситуацијата на планот на безбедноста, предизвикана од постапките на Русија, стана очигледна неопходноста да се обнови нашиот план за дејство како одговор на агресијата против приврзаниците на НАТО, изјави висок претставник на Министерството за одбрана на САД.
Притоа се истакнува дека Пентагон подготвил план за дејство според сите можни сценарија – од вооружена конфронтација до напади од зомби.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче