Украина побарува од руската компанија „Гаспром“ 16 милијарди долари. Ова го изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук, говорејќи на седница на Врховната рада, пренесува ТАСС.
Според неговите зборови, тие средства „ Украина ги преплати за гасот и доби помалку за транзитот“.
Јацењук додаде дека тужбите се поднесени во Арбитражниот суд во Стокхолм.
Истовремено, тој призна дека и „РФ поднела тужба против Украина врз основа на истите договори за гас за наплата на 27 милијарди долари од Украина поради таканаречената точка од договорот „плати па земи“. „Ние ги сметаме барањата на РФ за неосновано“, потенцираше Јацењук.
Како што претходно изјавија од „Гаспром“, концернот очекува одлуката на Арбитражниот суд во Стокхолм по тужбата на „Нафтогас на Украина“ да биде донесена на крајот на јуни 2016 година.
На 12 јуни 2015 година „Гаспром“ ја објави дека побарува од украинската компанија 29,2 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче