Песков: Русија е подготвена да го разгледа барањето на Дамаск за операција против ИД

Сложено е хипотетички да се дискутира за учество на руска војска во операцијата против „Исламска држава“, сепак раководството на РФ ќе го разгледа соодветното барање од Дамаск, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

Барањето на сириското раководство руски војници да учествуваат во воени операции заедно со сириските, доколку дојде такво, ќе се разгледува и дискутира во рамките на билатералните контакти, соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“. 

Претходно шефот на сириската дипломатија Валид Муалем изјави дека сириското раководство може да побара од Москва учество на Вооружените сили на РФ во заедничка борба против тероризмот, доколку има потреба од тоа.  

„Ако има обраќање, тогаш во рамките на билатералните контакти, билатералниот дијалог, тоа, се разбира, ќе се разгледува и дискутира. Засега за сето тоа  е тешко да се зборува хипотетички“, изјави Песков во петокот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.