„Позицијата на Русија останува истата: Украина треба во целост и во дадениот рок да ги плати обврските преземени во декември 2013 година за сметка на средствата од Фондот за национална благосостојба. Такакнаречената должничка операција, во која Русија не зема учество, не е способна да ѝ го олесни должничкиот товар на Украина“, се вели во соопштението на сајтот на владата на Русија, пренесува „Взгљад“.
„За должникот е поповолно да ѝ плати на Русија директно сега, затоа што дифолтот за тие обврски ќе го чини многу поскапо: ќе мора да ги плати не само судските трошоци, туку и казнената камата за одложеното плаќање“, се вели во соопштението.
Во четвртокот премиерот на Украина Арсениј Јацењук изјави дека Русија треба да ги прифати условите за реструктуризација на долгот од 3 милијарди долари, затоа што други услови за Москва нема да има.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче