Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ја критикуваше Русија за испораката на воена техника за Сирија, соопшти агенцијата CIHAN повикувајќи се на говорот на шефот на турската држава одржан на Меѓународниот симпозиум на омбудсмани, а пренесува ИА „Регнум“.
„Некои земји до ден-денес ѝ испорачуваат на Сирија авиони. Давањето помош продолжува. Но кога јас се изјаснив во врска со тоа, тие го повикаа нашиот амбасадор и прашаа со која цел тоа било кажано. За испораките на оружје не зборувам јас, туку вашите официјални лица. Тоа не е само наше тврдење, тие самите зборуваат отворено за тоа, вклучително и на меѓународни средби. Во суштина, овде е потребен омбудсман“, изјави Ердоган, жалејќи се на тоа дека во ситуацијата во Сирија сѐ излегло токму како што зборувала Турција, а сериозни чекори за решавање на проблемот не биле направени.
Според неговите зборови, „два милиона Сиријци одат не во Иран и не во Русија, ами во Турција“. „За тоа ќе платиме ние. До денес имаме потрошено 6,5 милиони долари за да им укажеме помош на сириските бегалци“, истакна Едоган .
Шефот на турската држава се обиде да добие на контраст, затоа што наводно само Турција им пружа хуманитарна помош на настраданите, а другите се ограничуваат на испорака на оружје. „Како резултат на тоа немирите во Сирија и Ирак продолжуваат со убиства на стотици илјади луѓе“, резимира Ердоган.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче