Европската унија и САД се подготвуваат за продолжување на антируските санкции кон крајот на оваа година поради влошувањето, како што сметаат американските и европските официјални лица, на перспективите за реализација на мировниот договор за Украина, пишува „Блумберг“.
Лидерите на земјите од „Нормандиската четворка“ - Франција, Германија, Украина и Русија – планираат да дискутираат за продолжување на Минската спогодба на самитот во Париз на 2 октомври, соопшти агенцијата повикувајќи се на извор во Кремљ. Пролонгирањето на примирјето ќе значи продолжување на санкциите, истакнаа четири неименувани официјални лица од Германија, Франција и САД.
Украинските лидери изјавија дека се залагаат против зголемувањето на времето за исполнување на обврските во рамките на мировниот договор.
Официјално лице од земја што ги поддржува антируските санкции смета дека околу тоа прашање претстојат комплицирани дебати. Тој не исклучува дека некои санкции можат да бидат укинати заради постигнување компромис.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче