Владата на РФ ќе ги анализира последиците од новите санкции на Киев

Украина воведе нови санкции против петстотини физички и правни лица од Русија.

Владата на РФ ќе ги анализира можните последици од новите санкции од страна на Киев и ќе ги презентира резултатите пред раководството на земјата, изјави за новинарите вицепремиерот Аркадиј Дворкович, пренесува ТАСС.

Претседателот на Украина Петро Порошенко во средата воведе нови санкции против Руската Федерација со важност од една година. Списокот со санкции вклучува 388 физички и 105 правни лица. На пример, на списокот се најдоа министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу, спикерот на Државната дума Сергеј Наришкин, првиот човек на Чеченија Рамзан Кадиров, детскиот омбудсман Павел Астахов, пејачот и пратеник во Државната дума Јосиф Кобзон, советникот на претседателот на РФ Сергеј Глазјев, претседателот на Руската академија на науки Владимир Фортов, лидерот на „Праведна Русија“Сергеј Миронов, министерот за земјоделство на РФ Александр Ткачев.

„Кај нас со оваа тематика сепак се занимава надворешнополитичкиот ресор, а ние, се разбира, својата анализа за последиците од одлуките што ги донесоа колегите ќе ја направиме и ќе ја презентираме пред раководството за да донесе одлука“, изјави Дворкович, одговарајќи на прашањето дали РФ ќе одговори реципрочно на санкциите воведени од Украина и каков може да биде тој одговор.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.