Украина поведе кривична постапка откако Путин и Берлускони пиеја вино на Крим

Украинското обвинителство поведе кривична постапка поради тоа што Путин Берлускони пиеле шери старо 240 години.

Украинското обвинителство поведе кривична постапка против директорката на винарската визба „Масандра“ Јанина Павленко поради тоа што отворила 240 години старо шише шери во текот на посетата на кримското претпријатие од страна на рускиот претседател Владимир Путин и поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, пренесува „ТВ Ц“.

Шерито што го пиеле Путин и Берлускони е „Херез де ла Фронтера“ од берба 1775 година, а го донел на Крим од Шпанија основачот на „Масандра“ грофот Михаил Воронцов.

Како што наведува „Собитија Крима“, во енотеката „Масандра“ во моментот на присоединувањето на Крим кон Русија имало пет шишиња „ Херез де ла Фронтера“, а уште две шишиња биле продадени на аукција во Сотби во 1990 и 2001 година. Украинската супервизорска агенција пресмета дека цената на едно шише од ова вино, според различни проценки, во моментов се движи од 100 до 150 илјади долари.

По посетата на Берлускони на Крим, Украина му забрани влез на нејзина територија на поранешниот италијански премиер.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.