„Стратфор“: Русија во сирискиот конфликт не е учесник, туку миротворец

Москва максимално се труди да воспостави преговори меѓу страните во сирискиот конфликт, смета аналитичар на „Стратфор“.

Сим Тек, воен аналитичар на „Стратфор“ смета дека вистинската причина за тоа што Русија учествува во настаните во Сирија не мора да има воен аспект. Вистинскиот интерес на Русија е да има преговори. Затоа што Русија има врски со Асад, таа се труди да воспостави односи на доверба меѓу режимот и Русија, таа може да го искористи тоа, да се обиде да го седне Асад на преговарачка маса со можните претставници на востаниците, што пак може да доведе до разрешница на конфликтот.

Учеството на Русија во сирискиот конфликт не мора да ја промени линијата на фронтот. Во дадениов момент учеството на Русија е крајно ограничено. Таа испраќа таму советници, опрема за поддршка на режимот на Асад. Можно е да му даде и воздушна поддршка. Но во дадениов момент таа поддршка е крајно ограничена. Ние не гледаме дека Русија распоредила во регионот големи единици кои би можеле да учествуваат во офанзива на сириските трупи за да си ја повратат територијата како од Исламската држава, така и од востаниците.  

Русија ќе се судри со два главни проблема кога ќе се обиде да обезбеди успешни преговори. Од една страна, Русија сака да го остави Асад, затоа што тој е нејзиниот човек во Сирија. Но во тој случај сите останати можни учесници  во преговорите ќе бидат непопустливи во тоа дека нема да работат со Асад. Вториот проблем на Русија се состои во крајната разединетост на вооружената сириска опозиција. Кај неа нема некакво обединето крило со свои претставници кое би можело да учествува во преговорите со Асад и затоа преговорите не може да се одржат. Затоа, сѐ додека востаниците не успеат да се обединат, или сѐ додека една од групите не почне да ги претставува сите, ние едноставно не можеме да веруваме дека преговорите за разрешување на сирискиот конфликт се возможни“, изјави аналитичарот на „Страфор“ Сим Тек, пренесува „ИноТВ“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.