Русија мора да има можност да ѝ нанесува удари на терористичката организација „Исламска Држава” (ИДИЛ), изјави официјалниот претставник на Сирија во ОН Башар Џафари, пренесува „Взгљад”.
„Зошто Американците да војуваат против ИДИЛ со своето Воено воздухопловство, а на Русија тоа да ѝ биде забрането? Дали тоа има некаква смисла? Нема. Најпосле, ние се бориме против истиот непријател“, рече Џафари.
Министерството за надворешни работи на Русија претходно соопшти дека резултатите на меѓународната коалиција за борба против терористичката организација ИДИЛ, предводена од САД, се „многу скромни“. Руското министерство апелираше да се консолидираат силите во борбата против „Исламската држава“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче